
Во неделата, СДСМ го одржа својот 32-ри програмски Конгрес, под мотото „Твојата земја – Твоја шанса“.
Лидерот на партијата, Филипче, во своето обраќање упати пораки за враќање кон оригиналните социјалдемократски вредности, упати критики до актуелната влада и повика на забрзување на европската интеграција.
Како што оцени, земјата се соочува со историска можност за напредок кон ЕУ. Сепак, предупреди дека ризикува да заостане зад соседите поради, како што рече, отсуство на јасен план од страна на владата.
На настанот беше претставена и новата идеолошка платформа на партијата. Таа се базира на социјална правда, солидарност, фер оданочување, силни институции и европска иднина, објасни Филипче.