Случај за семејно насилство: Раде Ристовски доби условна казна од 1,5 години затвор

Членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, Раде Ристовски, кој си ја претепа сопругата доби условна. Ристовски признал вина и судот му определил казна затвор од 1,6 години, доколку во наредните три направи кривично дело. Од кривичниот суд велат дека Ристовски бил обвинет за нанесување телесна повреда.

“На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело”, велат од Кривичен суд.

За одбраната на оштетената, во случајов сопругата на Ристовски, ова е скандалозен обвинителен предлог по кој судот досудил условна казна. Според нив, наместо обвинителен акт поднесен е обвинителен предлог за телесна повреда иако се работи за тешка телесна повреда со удари од боксови во пределот на главата и видливи траги од давење во пределот на вратот, за што имаат целосна снимка и фотодокументација и ОЈО и МВР.

Како што дознава ТВ 24, оштетената ќе вложи жалба на правната квалификација на делото со оглед дека се работи за тешка телесна повреда и обид за убиство.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *