
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски порача дека партијата останува на ставот оти уставни измени не треба да се носат доколку тие не носат јасна европска перспектива и конкретни гаранции за членство во Европската Унија. Милошоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промени кои, како што рече, би ја однеле државата во нова неизвесност без сигурен исход.
Од друга страна, во интервју за БНТ, бугарската министерка за надворешни работи Петрова-Чамова вели дека нејзината земја нема намера да отстапи од позициите утврдени во 2022 година во врска со процесот на европска интеграција на Северна Македонија.
Напредокот во ЕУ зависи од исполнувањето на преземените обврски, објаснува таа. Патот на Северна Македонија кон ЕУ, според бугарската политичарка, е европско прашање, а не билатерално.