Инвеститорите одбиваат да коментираат за случајот со свлечиштето во Центар

Еден празнува, друг не сака да разговара со новинари. Вака реагираа дел од сопствениците на фирмите на чие градилиште во Скопје се случи одрон, а од тоа беа поткопани темели на соседната зграда, тротоарот и улицата.

Абдуљвехап Хусеини, кој е еден од сопствениците на „Про билдинг“ од Тетово, се правдаше дека денеска му е празник. Она на што, исто така, не сакаше да одговори е дека за него имало поднесено повеќе кривични пријави и тоа како раководител на сектор во Центарот за социјални грижи во Тетово.

Раководи со сектор Права, а бил пријавен за Несовесно работење во службата. Се спогодил со обвинителството, а на државата и вратил 18.000 денари. Вработена во центарот го пријавила за мобинг, но суд пресудил во корист на Хусеини, па сега е на Апелација.

Сопственици на фирмата се и браќата Трипун и Ванчо Крстевски. Ванчо исто така не сакаше да одговори на новинарски прашања.

Инаку, од Општина Центар најавија дека ќе бараат да се одземе лиценцата на одговорните вклучени во изградбата и утврдување на одговорност од надзорот и изведувачот. Од центарот за социјални грижи во Тетово, пак, велат дека на Хусеини му е одземен потписот и против него има повеќе постапки.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *