Пожар во просториите на поранешната фабрика Декортекс, нема повредени

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за пожарот штосиноќа го зафати просторот на поранешната фабрика Декортекс. Според МВР, пожарот настанал во една од халите на фабриката за текстил во која биле сместени машини и репроматеријали. За среќа, никој не беше повреден.

“По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш”, информира Министерството за внатрешни работи.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *