
Случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби сè уште нема институционален епилог, иако јавноста со месеци очекува одговорност за аферата „Државна лотарија“,велат од ВРЕДИ.
Од ВРЕДИ прашуваат кој има интерес постапката да се одолговлекува и дали некој се плаши од информациите што, како што велат, ги поседува Груби како „жива архива“ на ДУИ.
Претходно, во интервју за „Фокус“, на прашањето дали Груби е повикан на сослушување, главниот обвинител Савески рече дека истрагата за случајот со лотаријата е во тек и дека се преземаат мерки.