Силекс-Шкендија финалето беше нарушено

Екипата на Силекс вчера го освои Купот на Македонија со победа од 1-0, но во овој дуел имаше инциденти и пред почетокот на дуелот, кога навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската национална химна, како и за време на средбата, кога се слушаа националистички извици.

МВР соопшти дека презема мерки околу овие ексцеси, како и околу истакнувањето на знамињата на Албанија, без да биде истакнато македонското државно знаме.

„СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за утврдување на околностите и санкционирање на прекршителите на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар“, велат од МВР.

На овој дуел инцидент се случи исто така и по завршувањето на средбата кога фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите за второ место.

Од Шкендија објавија соопштение во кое велат дека тие не слушнале, а во соблекувалната заминале по нови дресови бидејќи претходните им ги дале на навивачите.

“Целата ситуација беше последица на недоразбирање и технички пропуст во емоционалните моменти по натпреварот, а не одлука или намерен потег од страна на клубот или нашите фудбалери”, велат од Шкендија.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *