
Во врска со прашањето за правосудниот испит, ставот на министерот за правда Филков е дека тоа не смее да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правото на протест е демократско, но никој нема право да бара уривање на критериумите и стандардите во судството преку насилни протести, рече тој во вторник.
Истиот ден, во Собранието, ДУИ, сепак, побара одговорност од ДПМ Сали, тврдејќи дека студенти од Албанија биле запрени и заплашувани додека патувале кон Скопјe за да изразат солидарност со своите врсници во Северна Македонија.
„Многу од нив биле намерно запрени“, нагласи пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари, критикувајќи, како што подвлече, непочитувањето на уставното право на протест.
Запирањето на албанските студенти на границата го осуди и амбасадорот на Албанија во Северна Македонија, Денион Мејдани, кој на социјалните мрежи изјави дека тие не дошле од Тирана за да предизвикаат судири, туку да изразат солидарност и поддршка. ВЛЕН ги критикуваше ДУИ, нагласувајќи и дека прашањето за правосудниот испит се решава институционално.