Претседателката Силјановска Давкова се сретна со словенечката колешка Пирц Мусар

Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Љубљана беше пречекана од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Претседателката од Љубљана порача ЕУ за Македонија биле и останува не само географски, историски и заеднички културен дом, туку и важен приоритет.

„Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара”, вели Давкова.

“Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За мене, интеграцијата на Западен Балкан не е само политичко, туку е и безбедносно прашање”, истакна Сиљановска-Давкова, изразувајќи благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Словенија на евроинтеграцискиот пат.

Словенија ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот Евро пат, вели Мусар.

Исто така, вели дека Словенија јасно го поддржува носење на одлуки во ЕУ со квалификувано мнозинство кога станува забор за отварање поглавја од преговорите. Таа додаде дека не е фер Северна Македонија да не може да почне преговори поради вето од една земја.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *