Мицкоски се сретна со ко-лидерите на ВРЕДИ за прашањето на правосудниот испит

Изнаоѓањето решение за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит било тема на денешната средба на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со копретседателите на коалицијата Влен, Биљал Касами и Изет Меџити.

На средбата, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, било потенцирано дека патот до напредок и меѓусебна доверба води преку заеднички, мудар и достоинствен пристап.

Соговорниците се согласиле дека образованието и знаењето се темелите на кои треба да се гради секоја современа држава. Затоа, се додава во соопштението за медиумите, институциите активно работат на наоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *