
Лидерот на СДСМ, Филипче, жестоко ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, откако Парламентот го отфрли предлог-законот на неговата партија со кој се предвидува министрите да имаат само македонско државјанство.
„Уште еден доказ дека „про-македонската“ партија на Мицкоски, од која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде Македонска“, вели тој на социјалните мрежи.
Во таа насока, Филипче повторно го посочува прашањето за уставните измени.
„Целата Влада може да биде составена од бугарски граѓани, но малцинствата не можат да влезат во Уставот. Доста со вашите лаги“, додава Филипче, нагласувајќи дека граѓаните јасно кажуваат дека сакаат членство во ЕУ.