
Лидерот на СДСМ, Филипче, повтори дека Владата не сака ЕУ реформи. На прес-конференција во четврток, тој праша што прави од 2024 година за да ја исполни Реформската агенда.
„Тимчо Муцунски не сака реформи за Европа. Реформите значат уставни промени, започнување преговори и отворање поглавја во ЕУ – тоа е вистинскиот пат напред. Ако не сакаат, нека си одат, бидејќи ќе бидат повикани на одговорност“, нагласи Филипче.
Тој го повтори и својот став за коментарите на претседателката Силјановска Давкова за Преспанскиот договор во нејзиното интервју за Македонското радио.
„Не само што не се откажаа од Преспанскиот договор, туку еве ги, го признаваат“, нагласи лидерот на СДСМ.