
Гувернерот Трајко Славески упатил директни закани за затворање на Канал 5 Телевизија кон директорот Иван Мирчевски, откако емитувавме низа прилози за случајот со вицегувернерите кои неколку месеци носелел одлуки во Советот на НБРМ со истечен мандат. Настанот се случил во четвртокот, на приемот организиран од Делегацијата на Европската Унија, по повод 9 мај – денот на Европа.
Мирчевски сведочи дека Славески пред повеќе сведоци најпрво го запрашал дали се сеќава што се случило со телевизијата на Велија Рамковски, која во тоа време се обидувала да ја урне Владата, потоа заканувајки му се дека доколку продолжи така, тоа ќе и се случи и на Канал 5 Телевизија.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче потврди дека ги слушнал заканите упатени кон Мирчевски и изрази жалење за односот на Славески. Сепак, вели не е изненаден што такви зборови доаѓале од човек, кој како што рече, додека претседавал со Советот на Град Скопје целосно го блокирал градот.
Од Народна банка велат дека не сакаат да коментираат, како што велат, наводи за приватни разговори или интерпретации на настани кои се изнесуваат во јавноста.