
Во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан, вели Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос.
Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната.
Шефицата за надворешна политика Калас изјави дека ќе се разговара за соработка во врска со хибридните закани.
По состанокот, шефицата за надворешна политика на ЕУ изјави дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ и дека имало дискусии за различни прашања.
„Министрите дадоа политичка поддршка за продлабочување на соработката со нашите партнери од Западен Балкан за надворешни, безбедносни и одбранбени прашања. Конкретно, ова значи поголема поддршка од ЕУ против хибридните закани и дезинформациите“, истакна таа.