Ана Дангова Хуг е избрана за кандидатка во трката за позицијата во Европскиот суд за човекови права

Откако владата доби негативно мислење за адвокатот Јордан Апосотолски кој заедно со адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски во ноември лани беа предложени од комисија предводена од претседателот на Уставниот суд, Комисијата денеска заседаваше и утврди нов кандидат на местото на оспорениот кандидат е Ана Дангова Хуг, предлог кој доби едногласна поддршка од членовите на Комисијата.

Постапката за избор на новиот кандидат беше спроведена во целост согласно критериумите и препораките, на ист начин како и претходниот принцип на гласање, односно со запазување на препораките од ДКСК за изземање на дел од членовите, се наведува во известувањето до Уставниот суд.

Комисијата за избор на кандидат за судија за ЕСЧП во текот на утрешниот ден, преку Министерството за надворешни работи ќе го извести Експертскиот панел за новиот кандидат.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *