Мицкоски за изборот на Радев за бугарски премиер

На денот кога Румен Радев седна во премиерската фотелја во Бугарија, македонскиот премиер го покани на средба.

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека му ја честитал на Радев победата еден ден по одржувањето на изборите во Бугарија на 19 април, се надева дека со новата бугарска влада ќе може да се подобрат меѓусоседските односи и да се разговара за теми за кои треба да се разговара.

На прашањето дали официјално ќе го покани Радев на средба, како премиер со премиер, Мицкоски со одговор: „Па не гледам причина зошто да не. Еве ако ова е поканата вака, еве го поканувам“, изјави Мицкоски.

Сепак, според Мицкоски, се додека СДСМ, како што вели, коленичи пред Бугарија, напредок во разговорите нема да има.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *