Судење за Ивана и Катја: Обвинителството коментира за 12-годишната затворска казна

Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за телесна повреда при вршење семејно насилство, три години за загрозување на сигурноста и пет години затвор за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Сите три дела се споени во вкупна затворска казна од 12 години.

Бојчевиќ истакна дека за кривичните дела е изречена максималната предвидена казна, потенцирајќи ја неопходноста од построга казнена политика бидејќи иста затворска казна до пет години е предвидена и за телесна повреда при вршење на семејно насилство и за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *