
Уапсена е сопственичка на салон за убавина и уште две лица, за криумчарење на медицински препарати.
Во претрес на сaлонот биле пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи за убавина и за за редуцирање маснотии, кои биле аплицирани на клиенти во салонот.
Криминалната шема е разоткриена на граничниот премин Табановце, кога во комбе се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг. Препаратите биле скриени во чаршави за постелнина.