
Премиерот Мицкоски изјави дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори. Како што објасни во среда, 2026 година е година посветена на реформи и консолидација на институциите.
“Партиите се исплашија од мојата изјава за избори. Но годинава нема да има предвремени парламентарни. Би сакал да се редовни во 2028. Кога и да се случат ВМРО – ДПМНЕ се подготвени” изјави Мицкоски.
ВРЕДИ го делат ставот на премиерот дека главниот фокус треба да биде на спроведување на ветените политики.