Реакциите на проблемот со EES продолжуваат

Владата веќе води разговори со држави од Европската Унија (ЕУ) за надминување на проблемот со гужвите на границите поради новиот ЕЕС систем, потврдија денеска и премиерот и министерот за надворешни работи. Шпекулациите од викендов дека Грција го олеснила пристапот за Србите, но не и за Македонците, Муцунски ги нарече „естраден пристап“.

Потсети дека низ македонската граница поминуваат голем број државјани на други земји и не е можно едните да се тргнат во една лента, а сите други да останат и затоа се бара колективно решение. Очекува во летниот период, кога ќе има поголеми гужви, да има олеснување, но во овој момент, вели „ниту една држава нема официјален одговор“.

СДСМ со соопштение реагира дека изјавата на Христијан Мицкоски, во која ги повикува граѓаните да летуваат во Македонија, претставува, како што наведуваат, показател за изолацијата на земјата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *