
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја владејачката партија дека го злоупотребува името на македонскиот револуционер.
„Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат“, изјави Филипче.
Во однос на патот кон ЕУ, лидерот на СДСМ нагласи дека уставните измени остануваат клучно прашање.
Како што нагласи Филипче, вклучувањето на одредени заедници не претставува закана за земјата, туку станува збор за исполнување на европските обврски.