Тошковски: Во тек е истрага за случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека случајот со врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров е во тек на истрага што се спроведува во координација со Јавното обвинителство. Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија.

Поради тоа што се работи за малолетници, надлежните постапуваат со зголемена внимателност и со ограничено споделување информации во јавноста. Министерот нагласи дека институциите сериозно пристапуваат кон расчистување на случајот.

Тошковски истакна дека врсничкото насилство е сериозен општествен проблем, за чие решавање е потребен заеднички пристап. Тој повика на поголема вклученост на родителите, училиштата и институциите со цел превенција и спречување на вакви појави во иднина.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *