
Северна Македонија ќе го добие првиот Центар за сајбер безбедност на Западен Балкан, кој ќе функционира на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Центарот ќе овозможи директно справување со нападите и дезинформациите во дигиталниот простор, а покрај нашата држава, ќе се приклучат и Албанија и Црна Гора.
По тој повод денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип присуствуваа Никола Варнс заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД, министерите за образование и наука и информатичко општество, Весна Јаневска и Стефан Андоновски, како и ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски.
Никол Варнс, заменик-шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје истакна дека Центарот за сајбер безбедност е инвестиција во дигиталната иднина на Северна Македонија, како и за студентите и професионалците кои ќе помогнат да се заштити таа иднина.
Министерот за информатичко општество, Стефан Андоновски истакна дека нашата земја се позиционира како лидер во развојот на сајбер безбедноста на Западен Балкан.
Инаку, воспоставување на Интегриран центар за безбедносни операции (SOC) на Западен Балкан – иницијатива финансирана од Министерството за надворешни работи на САД и имплементирана од CRDF Global.