
Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, информираат од МВР.
Претходно, Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска беше евакуиран откако била примена дојава за поставени експлозивни направи.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, заканата пристигнала преку електронска порака испратена на нивна адреса, во која било наведено дека во објектот има поставено бомби. Полициски службеници веднаш излегле на терен и преземаат мерки за проверка на наводите, при што се врши детална контрола на трговскиот центар.