
Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија го избра Зоран Ристоски – Ѓуза за нов прв човек на јавниот сервис. За Ристоски гласале 12 од 13 членови на Советот.
Меѓу конкурентите на Ристоски кои се пријавиле на конкурсот биле Тони Гламчевски, Искра Ребац, Перо Попов, Зоран Богатинов, Сотир Сотировски и Игор Себишки. Програмскиот совет појаснува дека за раководната позиција биле разгледани вкупно 6 пристигнати кандидатури.
Со цел да се обезбеди непристрасност, изборот се одвивал според специфичен принцип на анонимност: сите програми за работа биле доставени под шифра, без членовите на Советот да имаат увид во идентитетот на кандидатите.
Сепак, Левица претходно изјави дека се очекува Ристоски да биде избран за претседател, додавајќи дека тоа би претставувало директно политичко влијание во јавниот радиодифузен сервис. Ристоски е сопственик на маркетинг агенцијата „Греј World Wide“, која добива тендери од Националната лотарија, се истакнува во изјавата на Левица.