Судење за Пулс: Преживеаната Теа Ѓорѓиева е единствениот сведок на рочиштето

Само еден сведок сведочеше на денешното судско рочиште за катастрофалниот пожар во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, со што дополнително падна динамиката на големиот судски процес со 35 обвинети за неизмерната трагедија со 63 жртви, и над 230 повредени од кои дел уште се лекуваат. Веќе неколку рочишта се сослушуваат едвај по еден до два сведока, а имаше и блокада од одбраната која не дозволи Обвинителството да ги повлече од економски причини преостанатите сведоци кои се повторуваа во изјавите.

Ова ги разретчи родителите на починатите, кои не го криеја револтот дека се изложени на трошоци до Скопје за да гледаат сè побавна динамика на главниот судски процес за трагедијата на нивните деца и роднини.

Преживеаната Теа Ѓорѓиева беше единствениот сведок на рочиштето.

“И се најдов на просторот кај што се пушат цигари меѓу излезната и влезната врата. Бев заглавена, бев во лежечка положба во тој момент барав помош, до мене држев пријател за рака. Стојанчо од обезбедувањето го видов, ме фати за раце ме извлече и ги чекав моите родители да дојдат”, сведочеше Ѓоргиева.

На следното рочиште треба да се читаат обдукциските извештаи за 63-те жртви за причините од кои починале.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *