
Со 67 гласа за и 13 против сите од опозицијата Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада со што се предлага укинување на Пржинската односно техничката влада.
Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога претходно беше усвоени, а не како што сега е предложено по скратена постапка. Против укинувањето на Пржинската влада се и од Европскиот фронт.
Пратеничката Арбана Пашоли исто така бара, се што е донесено со консензус и поддршка од меѓународната заедница така и да се смени. На ова се спротивставија пратениците од власта.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски праша зошто опозицијата е против ваквата измена, бидејќи, како што рече Пржинската влада е надминато решение.
„Се работи за законско решение кое ќе важи не од следните избори, туку од изборите после тоа со што ви се дава сигурност, еве доколку мислите дека нешто не е заштитено по однос на изборниот процес, вие не дозволувате да почнеме со целата таа постапка. Да во скратена постапка е меѓутоа ќе има доволно време да се поднесат амандмани, да се разговара за сите тие амандмани поединечно и на крајот на денот да се стави на гласање ова законско решение“, вели Мицевски.