Европската куќа организира дискусија за родово базирано насилство во Велес

Минатата година регистрирани се 6 убиства на жени и 4 обиди за убиства, а за три месеци годинава има 4 убиства и два обиди, беше кажано на дискусијата за родово базирано насилство, организирана од Европската куќа во Велес како дел од дебатата „Носи ја промената“.

“Според нашите и странски истражувања, една жена пет години живее во таа насилна средина, додека го направи првиот чекор и го пријави сторителот. Многу е важно како системот, институцијата ќе одговори по првата пријава, како ќе се заштити жртвата. Економската зависност е основна причина што жртвата и покрај насилството останува да живее со сторителот, насилникот”, рече Ана Аврамовска-Нушкова, правна советничка во националната мрежа „Глас против насилството“.

Според статистиката, во 2024 само 27 отсто од жените во Македонија, или секоја четврта, имаа некаква сопственост, недвижен имот на свое име. Во руралните средини тој процент е само 5 отсто. Тоа говори за економската зависност од сопругот.

На трибината беше и амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, кој зборуваше за насилството врз жените по искуствата на неговата држава во случајот со Жизел Пелико. Таа направи многу храбра одлука судењето да не биде зад затворени врати туку да даде голем публицитет на процесот.

Амбасадорот на Шпанија Рафаел Соријано Ортиз, зборуваше дека во неговата држава со години се намалува бројот на родово базирано насилство. Тој ја нагласи важноста од собирање податоци и јавната свест.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *