
Според ВМРО-ДПМНЕ, присуството на поранешниот лидер Заев на одбележувањето на роденденот на СДСМ во понеделник покажува дека тој сè уште ги влече конците во партијата.
“Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава”, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Амилостираниот криминалец“ беше „пречекан од неговите лојални луѓе“ предводени од лидерот на партијата Филипче и генералниот секретар Димитријевиќ како врховен лидер, истакнаа од партијата.