
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма потврдија дека поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор во затворот во кумановско Кшање.
Претходно веб порталот Скопје1 објави дека е склопена спогодба меѓу обвинителството и Стафа. Од обвинителството велат дека спогодбата е склучена доцна попладнево и дека Стафа по признавање на вина за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ ќе добие една година и 3 месеци затвор.