Случаи Груевски: Министерството за правда почна постапка за добивање на потребните документи

Во Министерството за правда велат дека ја почнале постапката за прибирање на потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски за, по нивна анализа, евентуално да се поднесе барање за негова екстрадиција од Унгарија.

Во врска со неговиот телефонски разговор со Анита Орбан од Тиса, министерот за надворешни работи Муцунски рече дека не е разговарано за можноста за екстрадиција на Груевски, објаснувајќи дека главно се фокусирале на заедничките билатерални приоритети.

Македонија досега поднела едно барање за екстрадиција на Груевски во 2018 година, како и дополнување на барањето во 2019 година, но Будимпешта го одби со образложение дека на Груевски му е одобрен азил, а согласно унгарските закони, човек кој добил азил во Унгарија, не може да биде екстрадиран во државата од која избегал.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *