
Билатералните прашања во ниту еден момент не смеат да го спречат процесот на проширување – порача министерот за надворешни работи на Кралството Белгија, Максим Прево, за време на денешната посета на Скопје.
Во текот на заедничката прес-конференција со својот македонски колега Тимчо Муцунски, шефот на белгиската дипломатија увери дека Северна Македонија може да смета на Белгија како на цврст и сигурен сојузник кој недвосмислено го поддржува патот на земјава кон Европската Унија.
“Јас и понатаму ќе продолжи да се залагам за напредок врз реформите и усогласеноста со компенхашките критериуми”, порача Прево на заедничката прес-конференција со Муцунски.
Во контекст на спорот со Бугарија и нашите барања за гаранции на европскиот пат, белгискиот министер рече дека за Белгија постои јасна определба дека на Северна Македонија треба да ѝ биде дадено уверување дека нема да се јави повторна блокада или пречка откако ќе бидат направени потребните уставни измени.
Муцунски ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка на Белгија.