
Граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак заедно со студенти кои оствариле приходи во странство излегоа на протест пред УЈП. Револтирани од известувањата што ги добиле а со кои се бара да платат данок за парите заработени во друга држава, прашуваат каде биле службите до сега.
Велат со години тие молчеле и сега одеднаш праќаат известувања со кои некои треба да плати и сериозна сума на пари. Се жалат и од односот на службите во УЈП. Добиваат различни информации од даночните лица за тоа што треба да направат.
“Јас имав ситуација да разговарам со службеник и ми рекоа ако ти не ги пријавиш твоите платни листи јас ќе ти го помножам вратениот данок по 10 и така ќе те оданочам тоа не ни коректно не е професионално и е безобразно изјави студент На колегата за три дена му доаѓа решение за да му наплатат 4000 евра за 2020 година. Како може овој документ три дена порано да биде со нули, а после да има 4000 евра да плати данок. Јас ќе се вратам на тоа хибернација”, вели работник од Авганистан.
Од УЈП и денеска на брифинг повторија дека не станува збор за нова обврска туку се спроведува постоечки закон и нема двојно оданочување. Тврдат – ако некој платил данок во друга држава треба да донесе доказ дека го сторил тоа и тука нема да плати ништо.