Истражување: Пратениците добиваат 5,7 оцена за тоа како зборуваат од говорницата

На скала од 1 до 10, македонските пратеници во 2025 година добиле оценка 5,7 за начинот на кој зборуваат на собраниската говорница.

Оценката се однесува на тоа колку нивните излагања биле аргументирани, а колку содржеле лични напади, квалификации или популизам. Иако станува збор за средна оценка, таа сепак е повисока во однос на претходните пет години.

Ова го покажува истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, спроведено во рамки на програмата за поддршка на Собранието на Швајцарската амбасада и НДИ.

Граѓаните, пак, сè почесто бараат директна комуникација со пратениците. Преку електронското закажување на веб-страницата на Собранието, реализирани се околу 700 средби со пратеници од нивните изборни единици.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *