
Владата одлучи да ја продолжи кризната состојба за уште нови две недели, информираше премиерот Христијан Мицкоски и нагласи дека ќе има нова седница на која ќе се одлучува и да се задржи ДДВ на горивата на 10 отсто.
Тој најави дека ќе се следат и цените на нафтата на берзите и врз основа на нив и ќе се утврдува и висината на намалувањето на акцизата. Мицкоски информира и дека државните резерви со нафта се полни, а во следниот период ќе продолжи и попустот што го дава ОКТА.
Тој посочи очекува цените на горивата во следниот период да останат стабили или да се намалуваат за одреден процент. Посочи исто дека од почетокот на кризата не се користени државните резерви на нафта, а снабдувањето е стабилно.