Димитровска-Стојановиќ: И другите обвинети се изјаснија дека не се виновни

Почна судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска. Обвинителството ќе докажува две дела – дека му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“. Одбраната ќе го побива обвинението.

Според адвокатот податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена тајна, туку јавно достапни За делото компјутерски фалсификат, велат дека тестот не бил клучен елемент за добивање на сертификат државна тајна, туку проверките на АНБ.

Одбраната има право да има своја теорија на случај но обвинителството располага со цврсти докази за да ја докаже вината на обвинетите, велат обвинителите.

Покрај Димитровска денеска на обвинителна клупа седнаа и ревизорот Миле Столевски како и обвинетите Борче Најдов, Билјана Петровска Мантева. Обвинителите бараа овој предмет да се спои со „Адитив“, адвокатите се противеа, а судиите одлучија постапката да се раздвои само за Борче Најдов.

Еден од адвокатите ја спореше и надлежноста на одделот за организиран криминал, судиите не прифатија но за ова прашање ќе треба да се произнесе и Апелација.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *