
Министерот за надворешни работи Муцунски му упати честитки на Петер Маѓар за резултатите од изборите во Унгарија.
„Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги цениме силните билатерални односи изградени со години и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка – заснована на меѓусебно почитување, партнерство и нашата заедничка европска иднина“, рече тој на социјалните мрежи.
Честитки упати и ЗНАМ. Реагираше и СДСМ велејќи дека падот на Орбан наскоро би можел да доведе до целосно откривање на сите „тајни бизнис комбинации“ меѓу него и премиерот Мицкоски во врска со медиумите, телекомуникациите, енергетиката и заемот од една милијарда евра. ВМРО-ДПМНЕ ги негираше обвинувањата.