
Се одложи седницата во Апелација по жалбите на Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Судијата-известител за предметот Лирие Елези-Ајрулау го одложи рочиштето поради тоа што Видевски не беше во можност да присуства, бидејќи е хоспитализиран на државаната клиника.
Неговиот адвокат Бојан Манев изјави дека здравствената состојба на Видевски е влошена. Според Манев, неговиот клиент бил однесен на лекар во август лани, а потоа во март годинава. Доколку не биде во можност да присуствува на рочиштето, Манев уверува дека ќе обезбеди согласност од него, но се пожали дека проблемот е системски.
Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата. Целта им била да изнудат пари од мајката на девојчето. Жалба има поднесено и обвинителството за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Наредното рочиште е закажано за 11 мај.