Претседателот на Уставниот суд Костадиновски во интервју за „Со факти“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Со факти“, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1, упати јасна порака до јавноста во врска со Законот за употреба на јазиците за кој се води предмет во Судот, нагласувајќи дека неосновано се создаваат стравови и политички тензии околу ова прашање.

“Сакам да упатам еден апел бидејќи гледам премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине”, вели тој.

Костадиновски посочи дека мислењето на Венецијанската комисија не треба да се толкува селективно, бидејќи содржи и пофалби, но и забелешки.

Во врска со поништувањето на измените за платите на судиите од страна на Уставниот суд, тој рече: “Постојат бројни меѓународни стандарди како што е Европската повелба на судиите, како што е Венецијанската комисија… Сите тие укажуваат дека дури и во услови на криза, не може да се намалуваат платите на судиите. Зошто? Затоа што така се гарантира нивната независност и самостојност. Во околности во кои се наоѓа Македонија каде што недовербата во системот е на историски најниско ниво, вреди да се заштити независноста и самостојноста на судската власт, но и таа власт стварно треба да почне да испорачува резултати”.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *