
Апасиев од говорница со врамена фотографија на која се Костадиновски и Мицкоски рече дека за разлика од пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче, ќе постави конкретно прашање.
Според Апасиев, Костадиновски целиот свој професионален живот имал државна функција и изградил мрежа на влијание, поради што дефинитивно ќе има државна функција.
Лидерот на Левица од собраниската говорница го праша премиерот дали стои зад проектот за вдомување на Костадиновски на универзитет по завршувањето на мандатот како уставен судија и доби кус одговор „не“ и совет да се обрати на друго место.