
Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. Министерката за енергетика Сања Божиновска потпиша меморандум за разбирање со заменик-државниот секретар на САД со кој ќе се зајакне соработката во енергетиката, економијата, безбедноста и технологијата.
“Бидејќи до сега имаме само едно поврзување со Бугарија, се работи на интерконекторот со Република Грција. Понатаму ќе се поврземе и со Република Србија, што значи дека ќе бидеме и транзитен центар и ќе може да купуваме американски LNG”, изјави Божиновска.
Во врска со проектот за антимон, Божиновка рече дека американската инвестиција ќе изнесува пет милиони долари.
Исто така, беше издадена заедничка изјава во која се вели дека Стратешкиот дијалог го продлабочува партнерството меѓу САД и Северна Македонија и ги унапредува нивните заеднички цели за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот.