
Само што почна да забавува, инфлацијата повторно вивна. Статистика измери скок нa речиси 5 отсто во март годинава, во однос на истиот месец лани. Кај цените на мало пак има зголемување од 3, 4 отсто.
За евентуални мерки против скапотијата, владата ќе чека да помине Велигден. ССМ велат дека државата до сега требала да донесе мерки. Бараат тоа да се случи веднаш за да се заштитат потрошувачите.
Премиерот Мицкоски пак најави таргетирани мерки, но по Велигден. На денешната владина седница ќе се разгледувале тековни прашања. Па, веќе следните мерки би биле повеќе таргетирани, за одредени целни групи на граѓани.
“За одредени призводи зборувам тука за основните прехранбени производи и тие мерки би биле комбинирани и со намалување на ДДВ но и со ограничување на профитната маржа”, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.