
Во понеделник се одржа јавна дебата за Законот за јавно обвинителство. Меѓу учесниците беше и професорката Александра Деаноска Трендафилова од Правниот факултет, членка на работната група што го изработи законот.
Со оглед на тоа што Советот на јавни обвинители, меѓу другото, одлучува за изборот и кариерниот напредок на јавните обвинители, како и за изборот на раководители на обвинителствата, а со цел да се избегне илузијата кај јавноста дека постојат преговори, договори и долги процедури, предвиде кратки рокови во кои Советот е должен да дејствува, истакна таа.
Професорката Ана Чупеска, сепак, нагласи дека моќта треба да се распределува и ограничува преку закони, додека, според неа, во општеството се инсталираат авторитарни тенденции преку законот.