
Уставниот суд останува на ставот дека прво ќе чека целосно да се комплетира неговиот состав, па дополнително ќе го разгледува Законот за употреба на јазиците, вели за Канал5 претседателот на Уставен Дарко Костадиновски.
Изборот на деветиот член треба да го направи Собранието откако Судскиот совет на крајот на март ја предложи претседателката на скопска Апелација Мери Дика-Георгиевска како кандидат за нов уставен судија.
Собранискиот спикер Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите кажа дека таа е ставена на дневен ред на седница во среда, а нејзиниот избор, како што рече, ќе зависи од пратениците.
Претседателот на Уставен суд, Костадиновски велио дека ќе се воздржи од толкување на мислењето од Венецијанската комисија, за, како што посочи, да не се злоупотребува во политички цели. Нов датум за подготвителната седница за Законот за јазици, која лани беше закажана, но одложена заради трагедијата во Кочани, Костадиновски вели допрва ќе биде одреден.