Програмскиот совет утврди прекршување на законските забрани во изведбата на МТВ2

Со емитувањето на содржината на Вториот програмски сервис на Македонската телевизија се прекршени посебните забрани од член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заклучи Програмскиот совет на МРТ на денешната седница.

Го задолжуваат директорот на МРТ, согласно законските надлежности, да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорност во врска со констатираното прекршување. Укажуваат и дека треба да се предложат и имплементираат и дополнителни механизми за уредничка контрола, со цел спречување на идни слични случаи.

Како што пишува Фокус, случајот сега преминува во рацете на првиот човек на МРТ Цветковски кој преку законските овластувања што му следуваат треба да лоцира конкретна одговорност за ваквиот пропуст. Тој во телефонски разговор не ја исклучил можноста од разрешување на уредничката Гаши, без оглед што, според информациите, таа веќе подолго време се наоѓала на боледување.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *