Медиумската агенција се изјаснува за настапот на 13-годишно девојче на МТВ2

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз Вториот телевизиски канал на Јавниот радиодифузен сервис врз музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ емитувана на 28 март 2026 година.

Констатациите од надзорот се дека со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки. Фактот што спорните кадри и пораки поминале низ уредничкиот филтер на МРТ2 без да бидат отстранети, укажува на сериозен и системски пропуст во планирањето и уредувањето на програмата.

Агенцијата потсетува дека Јавниот радиодифузен сервис има посебна одговорност да не дозволи злоупотреба на програмата за промоција на идеи кои го негираат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, и за поттикнување на културна, етничка, религиозна, полова, расна, национална или други форми на нетолеранција, како и дека МРТ е должна да обезбеди целосна заштита на малолетните лица во своите програми.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *