Силјановска Давкова и колегата Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција

Црна Гора како регионален лидер во евроинтеграциите може да ѝ помогне на Македонија со тоа што ќе стане 28-та членка во 2028 година и со тоа да покаже дека ЕУ перспективата на овој регион не е сон, вели црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ на денешната официјална посета на државава.

Членството на Црна Гора во ЕУ што ние сакаме да го реализираме во 2028 година всушност би бил успех не само на Црна Гора но и една порака која што би била пратена на сите други држави членки дека реформите се исплаќаат и дека процесот на проширување е жив и дека иднината на целиот регион на Западен Балкан е всушност во Европската Унија, вели тој.

За време на заедничката билатерална средба, претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека во однос на евроинтеграциите на двете држави инсистирала на еднакви стандарди.

Според Сиљановска Давкова, преседанот кој се прави од Македонија е само плодна почва за нови преседани и затоа македонското чекорење на европскиот пат мора да се одвива во рамките на Копенхашките критериуми и европското уставно право.

Двајцата претседатели подвлекоа дека иако Македонија и Црна Гора се одличен пример за добрососедство, економската соработка помеѓу двете држави која моментално изнесува 61,8 милиони долари е под потенцијалот и таа треба да се стреми да биде значително поголема, а добар чекор во таа насока би било отворање на авиолинија Скопје – Тиват.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *