ДУИ го повтори ставот за правосудниот испит, Уставниот суд доби мислење за законот

И покрај коментарите на народниот правобранител Селами за иницијативата за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик, Фатон Положани од ДУИ смета дека не се потребни законски измени, односно дека постојното законодавство го овозможува и тоа.

„Примената на Законот за јазиците, конкретно на албанскиот јазик и употребата на албански во државните институции на централно и локално ниво, достигна највисоки фази на употреба во институциите. Сметам дека во периодот кога ДУИ беше во Владата, граѓаните се сведоци колку напреднало нивото на користење на албанскиот јазик“, изјави Положани.

Во меѓувреме, Уставниот суд го доби мислењето од Венецијанската комисија и го постави обемниот документ на својата веб страна.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *