Централниот одбор на СДСМ одржа седница

Централниот одбор на СДСМ одржа седница во среда каде што избраа нови членови на раководните тела на партијата, информираат од партијата.

За членови на Централниот и Извршниот одбор се избрани Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.

За меѓународен секретар на партијата е именуван Андреј Жерновски, додека за втор организациски секретар е избран Зоран Трифуновски. Дополнително, партијата распиша оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери.

Лидерот на партијата Венко Филипче ја презентираше новата предлог-платформа на СДСМ од која ќе произлезе новата програма на партијата. На седницата е одлучено и 32. програмски Конгрес да се одржи на 7 јуни.

Претходно истиот ден, во интервју за Телма, Филипче рече дека сè повеќе се открива дека премиерот Мицкоски е заменик-руски играч и во земјата и во регионот. Во таа смисла, истакна дека премиерот и неговиот кабинет ја ставиле земјата во скутот на Унгарија.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *