
Државата ќе преземе итни мерки доколку цените во продавниците почнат да растат.
Тензиите на Блискиот Исток веќе влијаат на глобалните пазари, додека Министерството за економија објаснува дека внимателно ја следи ситуацијата, додавајќи дека се свесни за можноста за притисок врз цените, особено за производите што зависат од увоз и транспорт.
СДСМ, сепак, повторно ја повика владата да ги прифати нивните мерки, кои веќе се доставени до Собранието преку пакет закони.
„Проблемот за граѓаните е веќе тука, спиралата на зголемување на цените на храната е активирана“, истакнува портпаролката Богданка Кузеска.
Сепак, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата, велејќи дека СДСМ е лицемерен со оглед на тоа што го зголеми ДДВ-то на голем број прехранбени производи за време на неговото владеење.